Албанија доби препорака за почнување на преговорите

by fokus 15:01
15:01

Во последниот извештај за Албанија, Eвропската комисија препорача отворање преговори за членство во Европската унија. Оценето е дека Албанија постигнала значителен напредок во исполнувањето на петте клучни критериуми за почеток на пристапните преговори.

Како главна причина за напредокот се наведени реформите во судството. Во извештајот стои дека главните уставни измени биле едногласно усвоени во јули 2016 година, со што почнале сеопфатен и инклузивен процес на реформи на судскиот систем.

- Advertisements -

-Овој процес ќе вклучува длабоко преиспитување на судии и на обвинители. Реформата на јавната администрација продолжува доследно, како и континуираната работа на создавање солидна база на податоци за истраги, обвиненија и за пресуди во борбата против корупцијата и организираниот криминал, кои се од фундаментално значење, стои во извештајот.

Поврзани новости