Алармантни податоци: Четири милиони деца бегалци не одат во училиште

by fokus

Вкупно четири милиони деца бегалци не одат во училиште, стои во најновиот извешат ја Агенцијата на ОН за бегалци (УНХЦР) за образованието на бегалците насловен „Да го смениме трендот – Образование на бегалците во криза“.

УНХЦР соопшти дека бројот на деца мигранти кои не одат во училиште е за половина милион поголем во однос на истиот период минатата година.

Како што се наведува, 61 отсто од децата бегалци одат во основно училиште, во споредба со 92 отсто од децата ширум светот, додека само 23 проценти од нив се запишуваат во средно училиште во однос на 84 отсто од децата во светот.

На факултет се запишуваат 37 отсто од младите во светот, додека таа шанса ја имаат само еден отсто од бегалците, а овој податок, истакнува УНХЦР, не се менува во последните три години.

Високиот комесар на ОН за бегалци Филипо Гранди истакна дека без образованите ќе биде направена ненадоместлива штета на иднината на децата бегалци и нивните заедници.

– Образованието е начин да им се помогне на децата да ги залечат раните, но исто така е и од клучно значење за изградба на нивните татковини, рече Гранди.

Во Извештој се истакнува дека треба да се направи повеќе со цел сите бегалци да добијат образованите какво што заслужуваат, а земјите кои прифаќаат мигранти се повикуваат да ги вклучат децата во националните образовни системи со соодветни наставни планови за основно и средно образование.

Во документот се укажува и дека 92 отсто од децата бегалци на училишна возраст живеат во земји во развој и оти им е потребна финансиска помош од меѓународната заедница.

Поврзани новости