Аларамантно аерозагадување во Тетово, Кавадарци и Куманово: Се ослободуваат од работа хронично болни, бремени жени

by Fokus

Сите лица од Тетово, Кавадарци и Куманово кои се постари од 60 години, како и бремените жени, лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар се ослободуваат од работни обврски поради надминат праг на ПМ10 честичките и зголеменото аерозагадување.

Ова го соопшти Министерството за животна средина, а заедно со Министерството за здравство препорачуваат и реорганизација на работното време, а лицата кои работат на отворено да работат од 11 до 17 часот.

-Не се препорачува организирање на спортски натпревари и други културни манифестации на отворено. Препорака е да се обезбедат услови за зголемени активности на службите за итна медицинска помош, домашната посета и патронажната служба, соопштуваат од Министерството за животна средина.

Владата да ги задолжи сите органи на државна управа, агенциите, фондовите, бироата, заводите, јавните претпријатијата и АД во државна сопственост, како и општините да ја намалат (до 50 проценти) употребата на службените возила и да обезбеди ограничување на работите на градежните објекти.

-Министерство за труд и социјална политика во соработка со Црвениот крст, Здравствениот дом и Единиците за локална самоуправа да обезбедат прифатилишта за сместување на бездомници и да дадат поддршка на стари осамени лица преку организирани посети, додаваат од Министерството за животна средина.

Државниот инспекторат за животна средина треба да започне со вршење на зачестена контрола на инсталациите кои што поседуваат А – ИСКЗ дозвола, да спроведе контролни мерења на емисиите на загадувачки супстанции во амбиенталниот воздух со акредитирана лабораторија со цел да се утврди дали се применуваат пропишаните услови/мерки во Дозволата по однос на емисиите во воздух.

Општините се должни да ги спроведат мерките пропишани во краткорочните планови или краткорочните мерки донесени на Советите на општините.

Поврзани новости