261
Актуелниот претседател на Казахстан, Касим-Жомарт Токаев победи на претседателските избори одржани во неделата, освојувајќи 81,31 отсто од гласовите, денеска и официјално потврди претседателот на Централната изборна комисија Нурлан Абдиров, објавувајќи ги конечните резултати од гласањето.
-Касим Жомарт Токаев доби 6.456.392 гласови или 81,31 отсто, рече Абдиров, наведувајќи дека одѕивот на изборите беше 69,44 отсто, јавуваат агенциите.
Кандидатот Јигули Даирабаев од Народната демократска патриотска партија Ауџил е втор со 3,42 отсто гласови, додека за опцијата „против сите“ гласале 5,8 отсто од гласачите.