Акција на МВР за разбивање на организирана шема за нелегално регулирање на престој на странски државјани

by Fokus

Од утринава се спроведува акција на МВР за сузбивање на организирана шема за нелегално регулирање на престој на странски државјани во државата.

Според првичните информации, се вршат претреси на неколку локации, како и во службени простории на МВР, односно во Канцеларијата за странци во зградата на Македонската телевизија.

Повеќе детали за акцијата се очекуваат во текот на денот.

Поврзани новости