Активно заразени од Ковид-19 се 18.798 граѓани, од кои 11.000 се од Скопје

by fokus

Во моментот во државата има 18.798 активно заразени од корона вирусот, а најголемиот дел од нив се од Скопје. Поточно, во главниот град активно болни од Ковид-19 се 11.009 лица, а потоа следува Тетово со 830 заразени.

На трето место е Струмица со 597 активни случаи, па Гостивар-536, Битола-530, Прилеп-529, Кавардаци- 527, Куманово-509, Охрид-506 и Велес-474 активни случаи.

Нешто подолу на листата се Струга- 316, Штип – 230, Кичево-217, Кочани-209 и Ресен-143, Дебар-125, Крива Паланка-122 и Радовиш-111.

Поврзани новости