Активистите Павле Богоевски и Симона Спировска во полициска станица

by fokus 22:29
22:29

Aктивистите Павле Богоевски и Симона Спировска се двајцата демонстранти кои беа приведени по вечерашниот протест, дознава НОВА.

Тие се наоѓаат во полициската станица Беко и дел од демонстрантите веќе на социјалните мрежи се организираат за да се упатат кон полициската станица, за да им дадат поддршка.

И двајцата, веднаш по завршувањето на протестот биле приведени од  од полициската единица „Алфа“ на паркингот пред Шпанската амбасада во центарот на Скопје.

За Богоевски ова е второ приведување во рок од десетина дена.

Поврзани новости