Актерот Тасевски гневен на кучињата скитници: Решете ги џукелите под итно, вооружени треба да шетаме?!

by Fokus

Проблемот со кучињата скитници никако да се надмине, а речиси секој ден има по некој човек каснат кој инцидентот го пријавил. Актерот од Драмски театар, Сашо Тасевски, преку својот Фејсбук профил истакна, проблемот веднаш да биде решен, со цел, како што вели, да не шетаат вооружени.

„Решете ги џукелите под итно. Ваша работа е на кој начин. Пет пари не давам за тоа КАКО. Ни Анима ни анама. Сега во Аеродром, ко се враќав од кај мајка ми, седум ко магариња големи, нападнаа жена со детенце. Минуваа најнормално, не ги ни забележија, покрај контејнерите на три метри од нив. Она е страшно, што можеше да се случи. Да не се стрчавме кон џукелите јас и едни дечки што поправаа возило, ќе ги искинеа ко ќеса. Возам кон дома не можев да се приберам. Јебо вас бог, направете нешто. Чистете го градов од нив или ние да се чистиме. Што треба? Вооружени да шетаме?“, напиша Тасевски.

Поврзани новости