Актерот Јевтиќ од „Ние не сме ангели“ осуден на 10 месеци затвор

by fokus

Српскиот актер Горан Јевтиќ е осуден на 10 месеци затвор поради сексуално злоставување на малолетник кое се случило во Народниот театар во Сомбор, северна Србија.

Првично тој бил осуден на десетмесечна домашна затворска казна, но судот решил дека глумецот ќе ја издржува казната во затвор, пренесуваат српските медиуми.

Сексуалниот напад се случил пред пет години, над лице кое тогаш имало 16 години. Глумецот за време на забавата по манифестацијата Театарски маратон, во доцните вечерни часови го принудил оштетениот на орален секс.

Јевтиќ ги отфрли овие информаии, а откако за случајот дозна цела јавност, некои негови колеги актери застанаа во негова одбрана.

Фото – Марина Лопичиќ

Поврзани новости