Актерот Алек Болдвин по осми пат стана татко

by Fokus

Актерот Алек Болдвин по осми пат стана татко.

Среќната вест ја сподели сопругата на актерот, Хиларија Болдвин на социјалните мрежи. Таа и Алек во март потврдија дека повторно ќе станат родители.

„Многу сме возбудени да ви го претставиме нашиот мал сон. Нејзините браќа и сестри се толку возбудени и сите дебатираат на кого таа најмногу личи“ – напиша 38-годишната поранешна инструкторка по јога.

Поврзани новости