Актерката Шахин и кошаркарот Осман ќе се венчаат на брод во Охрид

by Fokus

Турската актерка Ебру Шахин и НБА ѕвездата Чеди Осман ќе прават венчавка на брод во Охрид, родниот град на популарниот кошаркар. Настанот ќе се случува утре, и биле поканети најблиските роднини и пријатели на парот.

Големата свадбена забава пак, ќе се одржела на плажа во Чешме, Турција, каде што се запознале двајцата млади. Шахин и Осман деновиве се вистинска атракција во Охрид, и каде и да се појават минуваат забележани од граѓаните.

Многумина кои случајно ги сретнале, објавуваат фотографии со нив на социјалните мрежи. Инаку, актерката и стана позната на нашата јавност со улогата во серијата ,,Невозможна љубов”, а кошаркарот ја запросил минатата година, по една година врска. Тој е роден во Охрид во 1995 година, а потоа со семејството се преселил во Турција. Игра за тимот на Кливленд Кавалиерс, а неговото богатство се проценува на над 50 милиони долари.

За време на кошаркарски меч пред околу три години, тој се појави во патики со македонско и турско знаме.

-Знамињата на двете земји се на моите патики, затоа што и двете ги претставувам и ги сакам. Знам дека и тие мене ме поддржуваат, без оглед на се – порача тогаш кошаркарот.

Вики Клинчарова

Поврзани новости