Актерката и ексградоначалничка на Кисела Вода Билјана Беличанец пронајдена мртва

by Fokus

Актерката и ексградоначалничка на Кисела Вода, Билјана Беличанец – Алексиќ, вечерва е пронајдена мртва во стан во Скопје, пренесува Макфакс.

Засега не се познати причините, а од МВР ја потврдиле информацијата.

Беличанец е родена на 25 јули 1973 во Скопје. Во 1994 година дипломирала како најмлад актер на Факултетот за драмски уметности на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и истата година се вработува во Народниот театар „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, каде претежно игра главни улоги за кои подоцна добива награди и признанија. Во 1997 година се вработила во Драмски театар – Скопје.

Поврзани новости