Актерката Арна Шијак од болница: Стоев во паркот кога шок бомба експлодира меѓу моите нозе

by fokus

Актерката Арна Шијак е меѓу повредените на синоќешниот протестот пред Собрание. Таа тврди дека полицијата кон демонстрантите фрлила голем број на шок бомби и солзавци.

-Имаме освестен и разбуден народ кој сака да си ја спаси оваа негова земја, која некои сакаат да ја киднапираат – вели Шијак.

Акетрката раскажува дека стоела до клупа во паркот спроти Собрание кога шок бомба паднала меѓу нејзините нозе и сериозно ја повредила. Тврди дека полицијата намерно фрлила шок бомби меѓу луѓето за да се предизвика страв кај нив да не протестираат повторно.

Видеото е објавена на You tube каналот „Сите за унитарна Македонија“.

Поврзани новости