Ако некој предмет од СЈО отворен надвор од рокот стигне до Врховен суд, тој ќе ја укине пресудата

by fokus

Доколку Кривичниот суд донесе пресуда за некој предмет од СЈО отворен после рокот од 18-те месеци и осудениот се жали до Апелација, а потоа жалбата стигне и до Врховен суд, тогаш Врховниот суд ќе ја укине пресудата, потврди претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски во вечерашното гостување на телевизија Телма.

-Уставот ја двои законодавната од судската власт, значи нема никаква причина да чекаме автентично толкување од Собранието. Не е тоа редовна активност на Собранието, ниту има обврска тоа да го направи. Ако има барање за носење начелно правно мислење, тогаш Врховниот суд има обврска да го донесе. Доколку некој случај од СЈО стигне до Врховен суд, тогаш Врховен ќе ја укине пресудата, тоа произлегува од начелното правно мислење, кое е задолжително, рече Вангеловски.

Сепак, Вангеловски вели дека предметите за кои има докази нема да бидат поништени, туку ќе треба да ги преземе овластен тужител, односно Јавното обвинителство.

Поврзани новости