Акмисот „лепи“ на сваровски судии: Петровска ќе го суди и предметот „Триста“

by fokus

Судијката Лидија Петровска, позната како „сваровски“ судијка ќе го суди случајот „Триста“ на Специјалното јавно обвинителство. Таа веќе постапува по други два предмети на СЈО.

-Обвинителниот акт на Јавното обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникацииите (СЈО), означен како „Триста“, кој беше одобрен од Советот за оценка на обвинителен акт и врз основа на кој е оформен предмет со КОК бр. 40/17, во согласност со АКМИС, по електронски пат е распореден за понатамошно постапување кај судијката Лидија Петровска од одделот за гонење организиран криминал и корупција, која главната расправа ја закажа за 15 ноември 2017 година во 10.30 часот за кога им се испратени покани на странките во постапката, соопшти Основниот суд Скопје 1.

Судијката случајот го добила преку автоматизираниот компјутерски систем за управување со судски предмети (АКМИС) за кој во извештајот на Прибе беа нотирани сомнежи за местење предмети.

Поврзани новости