АКМИС системот не функционирал со години, а предметите се делеле на рака?

by fokus

Електронскиот систем за распределба на предмети кај судии во Кривичниот суд не функционира со години. Алсат М неофицијално дозна дел од неправилностите кои Комисјата за правда ги утврди по анализата на АКМИС системот во скопска единица. Во судот постоела пракса, предметите да им се даваат на рака на судиите. Злоупотреби има и кај притворските предмети. Рaспределбата за кој притвор кој судија ќе одлучува одела рачно и се заобиколувал автоматскиот систем.

Неофицијално, злоупотреби со водењето на Кривичен, комисјата не утврдила кај В.Д. Претседателот, Стојанче Рибарев, додека сомнежи за манипулации со АКМИС системот има кај неговите претходници. Пред Рибарев да седне во шефовското место, на чело на скопска единица беа судиите, Татјана Михајлова и Владимир Панчевски.

Токму Владимир Панчевски е под истрага на Специјалното обвинителство, за злоупотреби на АКМИС системот во судот. СЈО се сомнева дека местел предмети. Му ги одзема телефоните и му изврши личен претрес и претрес на неговиот дом. Поранешниот претседател на судот за Алсат М ги негираше обвинувањата на негова адреса.

Поврзани новости