Аки Ракимовски ќе пее на ракометното игралиште во Битола!

by fokus

Популарниот музичар и фронтмен на бендот ,,Парни ваљак”, Аки Ракимовски ќе одржи концерт во Битола.

Настанот ќе се случува на ракометното игралиште во Битола, на седми јули, со почеток од 21 часот, и Ракимовски ќе настапи на концертот ,,Рок симфонија” на Камерниот оркестар на Битола.

Во видео порака тој ги покани љубителите на песните на ,,Парни ваљак” да дојдат на игралиштето и заедно да пеат.
Концертот е дел од проектот Балкан Гала, во чиј склоп на 9-ти јули ќе се одржи концерт ,,Поп симфонија”, а пак на 11-ти, ,,Електро симфонија”.

Ракимовски е еден од многуте пејачи од регионот, кој најави концерт во Македонија, по укинувањето на забраната за настапи која беше актуелна поради пандемијата со корона вирус.

Вики Клинчарова

Поврзани новости