Камчева: На Боки 13 му дадов 350.000 евра во несесер, а со Јанева зборевме за децата

by fokus

Ана Камчева, сопругата на бизнисменот Орце Камчев денеска во судница сведочи за тоа како таа и нејзиниот сопруг наводно биле рекетирани од Бојан Јовановски и Катица Јанева.

Раскажа дека имала неколку средби со Јовановски, а после втората средба и побарал пари.

-Решивме да ги дадеме парите. Благајничката извади 350.000 евра, а 150.000 евра требаше да обезбеди Зоран Милевски Кичеец. Парите, 350.000 евра беа во несесер и ги донесе Ратка Камчева, мајката на Орце. Заедно со Кичеец отидовме во домот на Јовановски, во кој беше Сергеј Варошлија. Бојан се шегуваше на несесерот и реагираше што има поситни банкноти, по што забележа дека фалат 150.000 евра. Кичеец рече дека тој ќе го обезбеди остатокот.

На втората средба, како што рече, во домот на Јовановски присуствувала и Катица Јанева.

-Со Јанева зборевме за децата. И кажував на која возраст се моите деца, таа ми кажуваше за нејзините. Ми рече дека благодарение на Бојан нејзиниот син се вработил, инаку би требало да оди да работи на брод. Потоа ми рече да ја повлечам гаранцијата од 14 милиони евра, понудена за притворот, наводно била незаконска, и дека по нејзина гаранција ќе биде пуштен, како и што се случи, рече Камчева, која додаде дека Јанева и се заканила дека доколку нешто излезе од разговорите ќе знаела дека е таа и ќе има уште многу други предмети во кои може да го вмеша нејзиниот сопруг.

Таа потенцираше дека не била присутна кога нејзиниот сопруг на Јовановски му дал 1 милион евра.

-Бев исплашена од моќта на Јанева, но потоа сватив дека специјалниот јавен обвинител е Јовановски бидејќи тој ги имаше сите информации, рече Камчева.

Сепак Камчева во сбвоето сведочење призна дека Јанева никогаш лично не и побарала пари, туку се одело преку Јовановски.

Пред Камчева да застане зад пултот за сведоци, со себе носеше црвен тефтер, кој стоеше отворен пред неа додека раскажуваше се што знае за случајот „Рекет“.

В.В.

 

Поврзани новости