Академик Абдулменаф Беџети нов ректор на Универзитетот на југоисточна Европа

by Fokus 16:16
16:16

Академик Абдулменаф Беџети од денеска е нов ректор на Универзитетот на југоисточна Европа во Тетово (УЈИЕ,) информира Службата за односи со јавност на оваа високообразовна институција. Одлуката била донесена на посебна седница и со тајно гласање од страна на Одборот на УЈИЕ, а неговиот мандат ќе трае во наредните четири години.

Беџети доаѓа на оваа место по завршувањето на мандатот на досегашниот ректор на УЈИЕ проф. д-р Замир Дика кој ја водеше институцијата во два мандата.

- Advertisements -

Конкурсот за нов ректор на УЈИЕ беше отворен до 19 февруари оваа година. Како дел од барањата за оваа позиција беа наведени академско звање – редовен професор признато од страна на државата, искуство во управување – по можност да е добиено на универзитет и ентузијазам за развивање со специфичната мисијата на УЈИЕ, давајќи приоритет на кандидатите кои ги знаат јазиците кои се користат на овој Универзитет – албанскиот, македонскиот и англискиот.

Поврзани новости