Игор Југ: Груевски го сметам за негативна нула како претседател на ВМРО-ДПМНЕ!

by fokus

Никола Груевски го сметам за добар, одличен премиер, но како претседател на партија го сметам за негативна 0. Од ВМРО направи бегалски камп за бегалките од другите партии, кои го водеа орото, а нас не нарекуваа бугараши и сељаци кои пееле комитски песни.

Ова на денешното рочиште за случајот „27 април” го посочи обвинетиот Игор Југ кој ја дава своја одбрана.

Тој додаде и дека никогаш не се согласувал со Груевски.

-Христијанин сум, можам да простам, но не и да заборавам, рече Југ.

Поврзани новости