396
Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети денеска од Боговиње истакна дека нивните политички опоненти се без никакви програми и визии за иднината.
– ДУИ работеше и работи за политичка стабилност во земјата и тоа е гаранција дека работата на локалната власт во следниот мандат ќе биде уште поуспешна – наведе Ахмети.
При престојот во Боговиње, Ахмети, го посети семејството на починатиот градоначалник на оваа општина, Хазби Идризи.