369
Лидерот на Демократската унија за интеграции (ДУИ), Али Ахмети, денеска во Атина ќе има средба со грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас.
Од ДУИ информираат дека Ахмети и Коѕијас ќе разменат мислења и идеи за добрососедските односи, за отворените прашања меѓу двете земји и за евроатлантските интеграции на Македонија.
Ахмети ќе биде придружуван од пратеникот Артан Груби, вицепремиерот за Рамковен договор Муса Џафери и вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими.