Ахмети: Власта и опозицијата да го зајакнат дијалогот

by Фокус
Политичкиот дијалог во Брисел меѓу власта и опозицијата треба да се зајакне и унапреди што е можно поскоро за да се надмине политичката криза во земјата, рекол лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на средбата со евроамбасадорот Аиво Орав.
„Европската Комисија треба директно да се вклучи со однапред одредена агенда за инволвираните страни, но исто така и да го следи судскиот процес кој ќе обезбеди кредибилитет и доверливост на сите страни. И Вашингтон може да има конструктивна улога во охрабрувањето на страните за да се вклучат со цел да се надмине политичката криза“, рекол Ахмети, соопштија од неговата партија.

Поврзани новости