Ахмети уверува дека не одработува за Иванов

by Фокус 10:44
10:44

Попусто не обвинуваат од некои партии дека поддржуваме некого на претседателските избори и дека за некого одработуваме, изјави лидерот на ДУИ Али Ахмети, на вчерашниот митинг во скопски Бутел, одговарајќи на обвинувањата дека со бојкотот на претседателските избори дава придонес кон победата на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорге Иванов.

– Напротив, нашата идеја е длабоко државничка. Оваа земја не е едно национална, па со гласовите на една етничка заедница да се избира претседател. Мора, во интерес на државата и сите етнички заедници, да имаме претседател кој ќе го црпе легитимитетот од сите граѓани. Верувајте ми дека и тој ден ќе дојде и таквиот претседател први ќе го поздрават Македонците, зашто ќе разберат – порача Амети.

- Advertisements -

Поврзани новости