Ахмети: Центри што не и мислат добро на Македонија не втурнаа во криза!

by Фокус

Не се занимавајте со нас, туку посветете време и eнергија на промоција на вашите платформи и програми, порача лидерот на ДУИ Али Ахмети на денешниот собир на Унијата на жени, обраќајќи се до новоформираните албански опозициски партии БЕСА, Унитети, ДР-ДПА.

-Изборите што ни претстојат се важни и не се сомневам во победа на ДУИ. Имавме тежок мандат и не сакам ваквите состојби да ни се повторат. Можевме и подобро ако немавме криза од центри што не ни сакаат добро – рече Ахмети, без да дефинира за какви центри станува збор.

Поврзани новости