Ахмети: Сите ресурси на ДУИ се на располагање за победа на Пендаровски

by fokus

ДУИ своите ресурси ги насочи кон заедничкиот кандидат на владејачката коалиција, Стево Пендаровски. Оваа порака Али Ахмети, претседателот на ДУИ, му ја пренел на амбасадорот Клеменс Која, шеф на мисијата на ОБСЕ во Скопје.

„Во врска со претседателските избори, Ахмети најави дека сите изборни штабови на ДУИ во секоја општинска единица веќе се формирани и се функционални во служба за освојување победа на заедничкиот консензуален кандидат. Ахмети и Која, исто така, разговараа за случувањата во регионот и Конгресот кој ќе треба да се одржи по завршувањето на изборниот процес “, се вели во соопштението на ДУИ.

Ахмети елаборираше за политичката ситуација во земјата и регионот, владеењето на правото, претседателските избори и други теми од заеднички интерес.

Ахмети го поздрави напредокот на Секретаријатот за спроведување на Охридскиот договор на многу повисоко ниво во трансформација во министерство.

Поврзани новости