408
Лидерот на ДУИ Али Ахмети по денешниот собир на партиската младина изјави дека е убеден оти ќе има цензус на претседателските избори. Како што рече Ахмети, сите органи на ДУИ работат со цел цензусот да биде постигнат.
-Јас мислам дека на 5-ти мај ќе се одлучува дали оваа земја ќе биде успешна и со тоа ќе испратиме порака до меѓународната заедница дека на 5 мај сме гласале за што поскоро членство во НАТО и ЕУ – рече Ахмети.
Тој додаде дека не е точно оти ДУИ нема силна кампања, туку, според него, сите партиски органи се мобилизирани и го даваат максимумот за што поголема излезност.