Ахмети: Села ме разочара!

by fokus

Али Ахмети, лидерот на ДУИ, вечерва во емисијата Клик Плус на 21ТВ објасни зошто се скарал со Зијадин Села. Тој истакна дека Села го навредил во моментот кога го нарекол иницијатор за неговото физичко елиминирање на 27 април во Собрание. Ахмети реча дека соработката со Села завршила уште пред 3 недели, кога прифатил средба со него, но тој не се појавил.

Ахмети исто така рече дека е разочаран од тоа што Села го нарекол иницијатор на вооружениот инцидент во Диво Насеље во Куманово.

Лидерот на ДУИ рече дека никогаш нема да излезе на ТВ дебата со сегашните лидери на албанските партии бидејќи тие него постојано го навредувале и напаѓале. Тој во исто време ги обвини албанските партии за поделба на гласовите.

 

Поврзани новости