Ахмети се сретна со италијанскиот амбасадор Ромео

by Fokus

 Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети, денеска се сретна со италијанскиот Амбасадор, Карло Ромео, со кој дискутираа за политичката ситуација во земјава и регионот, одлуката на Советот на Европската Унија и предвремените избори. 

Ахмети, како што соопшти ДУИ, истакнал дека неговата партија инсистира предвремените избори да не го нарушат процесот за членство во НАТО и затоа предложил тие да се одржат на пролет, а не во декември или јануари. 

атификацијата на Протоколот за членство во НАТО во нашето Собрание не треба да се стави под знак прашалник, затоа што нашето членство во Североатланската Алијанса е апсолутен приоритет на ДУИ, Албанците и на сите граѓани, рекол Ахмети на средбата. 

Тој и заблагодарил на Италија за ратификацијата на Протоколот за членство во НАТО, поддршката за добивање на датум за започнување на преговори, како и за силните пораки за поддршка на нашиот регион. 

Ахмети истакнал дека ДУИ ќе ги продолжи напорите за реформи и во претстојниот период, ангажирајќи се за консензуална интеграција, неселективна правда, ветинг и транспаренстност во јавната дејност, за поквалитетен живот, за работни места и за доближување на стандардите со тие на Европската Унија, за да им овозможи на младите да ја изградат иднината во нивната земја.

Поврзани новости