Aхмети се премисли, па замина на ручек со Рама

by fokus

ДУИ информира дека лидерот на партијата Али Ахмети, сепак отишол на средба со албанскиот премиер Еди Рама. Претходно, Ахмети одби да патува во Тирана, поради, како што рекоа од партијата, набиената политичка агенда.

Средби со Рама во понеделникот,  оствариле лидерите на БЕСА и коалицијата Алијанса за Албанците, но не откриваат детали за што разговарале со премиерот, бидејќи состаноците биле неофицијални и иницирани од албанскиот премиер.

Од ДПА се уште нема информација дали нивниот лидер ќе се сретне со Рама, иако дел од албанските медиуми пишуваат дека Тачи одбил средба.

Албанските медиуми пишуваат дека на средбите со БЕСА и Алијансата на Албанците е разговарано за состојбата после изборниот процес во Македонија, а најверојатно Рама се обидува да им помогне на албанските партии да се договорат и заеднички да настапат во формирањето на новата влада.

Поврзани новости