Ахмети: Се прават напори за деблокада на Собранието

by fokus

Лидерот на ДУИ Али Ахмети денеска се сретна со Кристиан Хелбах, специјален претставник на германското МНР и со германската амбасадорка во Македонија, Кристине Алтхаузер.

Ахмети и Хелбах, како што информира ДУИ, разговарале за новонастанатата ситуација по изборите на 11 декември и за политичката состојба во земјава, како и за напорите за да се излезе од политичката и институционалната блокада.

„Ахмети говореше за улогата на ДУИ за оддржување на сеопфатни и кредибилни избори како и за нашето инсистирање за заокружување на Охридскиот договор, системски реформи и евроатлантска интеграција. Ахмети истакна дека изборите беа организирани за да ја решат кризата, а не за да продолжат или продлабочат кризата. Хелбах истакна дека Германија има разбирање за одлуката на Ахмети и ја нагласи поддршката на Берлин за интегрирана Македонија во евроатлантските структури и Македонија со ефикасни системски реформи“, соопшти ДУИ.

Ахмети го информирал Хелбах дека се прават напори за да се деблокира Собранието за да почнат да фунцкионираат институциите.

„Исто така Ахмети нагласи дека заедничката изјава е резиме на изборните програми на албанските парламентарни партии и на ниту еден единствен начин не го загрозува уставниот поредок на Македонија“, се вели во партиското соопштението

Поврзани новости