Ахмети: Референдумот само може да го комплицира процесот за решавање на спорот со името

by Fokus

Храброста во нас нема да недостига и решението побрзо се постигнува со ратификација на договорот за името во Парламентот, додека евентуалниот референдум може да го комплицира процесот, порачал лидерот на ДУИ,Али Ахмети на средба со европратениците Виктор Боштинару, Тања Фајон, од групата на Прогресивна алијанса на социјалистите и демократите во Европскиот Парламент како и Тонино Пицула, известувач во сенка за Македонија во Европскиот Парламент.

– Ахмети ги увери гостите дека храброста во нас нема да недостига и повтори дека решението побрзо се постигнува со ратификација на договорот за името во парламентот, додека евентуалниот референдум може да го комплицира процесот. Компромис за решавање на спорот за името треба да се постигне сега почитувајќи ги карактеристиките на страните и размислувајќи за заедничката иднина во Евроатланското семејство – се наведува во партиското соопштение.

Поврзани новости