Ахмети: Рано е да се зборува за коалиција со Груевски

by fokus

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети вчера беше на средба со премиерот на Албанија, Еди Рама со спикерот на албанскиот парламент Илир Мета и со претседателот на државата Бујар Нишани.

По средбите, Ахмети рече дека разговарале за изборните резултати и следните чекори кои ќе треба да се направат за формирање на нова влада. На ова прашање, лидерот на ДУИ рече дека е рано да зборува за преговори со ВМРО-ДПМНЕ.

-Охридскиот договор, членството на Македонија во НАТО и Европската Унија, економскиот развој и еднаквоста меѓу етничките заедници ќе бидат принципите врз основа на кои ние ќе се водиме во преговорите во иднина- изјави Ахмети, додавајќи дека сè уште е рано да се зборува за нова коалиција со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

На средба со Рама, неделава беа и лидерите на БЕСА и Алијансата на Албанците. Единствено, средба не потврди лидерот на ДПА, Мендух Тачи.

Поврзани новости