Ахмети пак ќе трча во „шестката“, а Спахиу ќе биде адутот на ДУИ во дијаспората

by Фокус

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на претстојните парламентарни избори, повторно ќе ја предводи пратеничката листа во шестата тетовско-гостиварска изборна единица, додека за сите други места на листите се водат интензивни консултации и се спроведуваат анкети, вели за Фокус шефот на изборниот штаб на „интегративците“ Беким Незири.

Покрај неприкосновената позиција на Ахмети, додава Незири, отсега е уште решено дека носител на пратеничката листа во седмата изборна единица, што ја опфаќа дијаспората, ќе биде Џевдет Спахиу, Албанец со потекло од Западна Македонија кој живее и работи во Шварцарија.

Тој не сака директно да одговори на прашањето дали листите ќе бидат составени од проверени кадри на партијата, од кои голем дел се и актуелни пратеници, или, пак, ќе бидат значителни кадровски промени и освежувања.

Иако рокот за поднесување на листите со кандидати за пратеници до Државната изборна комисија истекува на 16 ноември, ДПА веќе ги објави своите кандидати, при што партискиот лидер Мендух Тачи ќе излезе во шестата изборна област.

Освен него, носител на листата на ДПА во првата ИЕ единица ќе биде докторот Идриз Орана, во втората актуелниот пратеник Орхан Ибраими, во третата Сами Рушиди, во петтата Адриан Хусеини

Инаку, во албанскиот политички кампус традиционално најголема битка се води во шестата изборна единица, а и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во едно телевизиско интервју ја остави отворена можноста да истрча во овој изборен регион.

В.С.

Поврзани новости