Ахмети: Односите со Атина и Софија стануваат многу конструктивни

by fokus

Односите со Атина и Софија добиваат многу конструктивна димензија и соработка во духот на надминување на пречките и споровите, истакнал претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети, на средба со амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Македонија, Џес Бејли.

Ахмети и Бејли разменија мислења за актуелната постизборна состојба во земјата, системските реформи и Евроатлантската интеграција на земјата.

„Претседателот Ахмети нагласи дека ДУИ е целосно определена да ги поддржи и предводи реформите во судството, системските реформи заедно со владеењето на правото и процени дека сите наши енергии треба да се фокусираат во оваа насока, сега по завршувањето на изборите“, велат од партијата.

Поврзани новости