Ахмети: Ниту една сила нема да ја спречи идејата за консензуален претседател

by Фокус 11:03
11:03

Со бојкотот на претседателските избори, Албанците докажаа дека сакаат консензуален претседател на Македонија, што е натпартиска идеја која ќе не направи поважен фактор како конститутивен и државотворен елемент на своите територии, гласи поентата од вчерашниот говор на лидерот на ДУИ Али Ахмети.

– Оваа идеја е како лавина и нема ниту една сила да не спречи во тоа. Ако не денес, тоа утре секако дека ќе се случи, бидејќи немаме право да газиме врз плебисцитот на Албанците. Тие се за консензуален претседател и тоа го докажаа во неделата. Ве уверувам дека нема ниту еден проект ставен на маса а да нема решение, само треба да бидеме решителни во однос на тоа – дали ќе бидеме сериозни или ќе се пошегуваме – рече Ахмети.

- Advertising -

Тој додаде дека целта на оваа идеја не е да се заплашат Македонците туку да се зближат двете етнички заедници.

-Ништо лошо нема да и се случи на оваа земја ако државните институции се раководат и од Албанците. Напротив – нагласи првиот човек на „интегративците“.

Покрај неговите сопартијци, на митингот во Сарај друштво му правеше поранешниот претседател на Нова Демократија и потпретседател на ДПА, Имер Селмани, кој беше градоначалник токму на оваа општина.

Поврзани новости