Ахмети: Ние во ДУИ не сме аџамии, туку мисионери

by Фокус

Али Ахмети, синоќа во Тетово порача дека дека само неговата ДУИ може да ги реши крупните прашања што и претстојат на Македонија, а не млади и неискусни партии, алудирајќи на новоформираните албански опозициски партии.

-Оваа земја треба еднаш засекогаш да ги реши проблемите со соседите, затоа што непријателствата, нерешените проблеми, нам не ни оставаат можност и простор за развој и напредок, затоа што сме зад развиените земји. Затоа, за да се материјализираат овие големи прашања, како што е прашањето за името, статусот на албанскиот јазик, без оглед на напредокот што се прави, за да се затворат наведениве поглавја, треба пред се да се има смелост, познавања, силна подготовка за дебата и судири, меѓутоа, не вооружени судири, туку интелектуални и научни и на крај, треба да се очекува триумфот. Овие големи прашања никако не можат да се решат од аџамии, туку ги решаваат мисионери, луѓе кои се наоѓаат само во ДУИ, луѓе кои што знаат најдобро да ја бранат националната кауза – истакна Ахмети.

Поврзани новости