66
Првиот човек на Демократската унија за итеграција вели дека воопшто не се сомнева во голема победа на изборите. Според Али Ахмети таа победа ќе била најголемата победа што некогаш ја извојувале Албанците во Македонија.
-Воопшто не се сомневам во големата победа што Албанците од Македонија никогаш не ја извојувале, тоа ќе биде најголемата победа во историјата на независноста на оваа држава. Ова прашање трае повеќе од две години, тоа е смислувано со најголема смиреност, со најголема свесност и ова беше врвниот момент за да се собереме во фронт, а овој фронт ќе биде непобедлив и не привремен, до реализација на нашите цели, до зачленуваето во ЕУ, рече претседателот на ДУИ Ахмети.