Ахмети: Нема пречки за формирање на нова Влада која треба да се избере поскоро

by Fokus

ДУИ го почитува уставниот поредок како и унитарниот карактер на земјата, додека новата реформска влада треба што поскоро да се избере и да почне со работа, нагласил лидерот на оваа партија, Али Ахмети, при неговата средба со италијанскиот амбасадор во Македонија, Карло Ромео.

Ахмети и Ромео разговарале за формирањето на новата Влада и за настаните на 27 април во Собранието како и за локалните избори.

Ахмети нагласил дека нема никакви пречки за одложување и дека приоритет на новата влада ќе бидат реформите во судството, евро-атланската интеграција, Охридскиот Договор, добрите меѓуетнички и меѓусоседски односи како и економскиот развој и отворањето на нови работни места.

„Во врска со локалните избори г.Ахмети рече дека ДУИ ги поддржува измените на изборниот законик за да се овозможи нормално функционирање се до одржување на изборите и изборот на новата администрација“, соопштија од ДУИ.

Поврзани новости