Ахмети нема да се трка за прв премиер Албанец: Јас сеам за вие да жнеете!

by fokus

Лидерот на ДУИ Али Ахмети, во денешното видео-обраќање за промоција на идејата за прв премиер Албанец во Северна Македонија, не спомна имиња на можни кандидати на партијата за оваа позиција,

Ахмети наговести дека тој нема да учествува во трката за премиер.

-Оваа идеја е поголема од секоја партија и секоја личност. Ова идеја не се однесува на ДУИ и секако најмалку се однесува на мене лично. Јас сум тука за да му го продолжам животниот век на процесот, да го предводам концептот, да станам мост и да го трасирам патот создавајќи околности за остварување на сонот, а останува на Вас да го спроведете. Јас сеам за Вие да жнеете. Јас сонувам за Вие да остварувате. Јас ќе бидам храбар за Вие да го доживеете тоа, рече Ахмети.

Поврзани новости