Ахмети: Нека не се плаши никој, нема да бараме надомест за геноцидот врз Албанците, но ќе бараме осуда во парламентот

by fokus 16:50
16:50

Во Зајас во Кичево денеска беа погребани посмртните останки на Алабанци кои биле усмртени во масакри помеѓу 1913 година до Втората светска војна, информираат од ДУИ. Од таму додаваат дека овие останки биле пронајдени во неколку гробници.

На погребната церемонија се обрати лидерот на партијата, Али Ахмети, кој најави дека ќе побара од Собранието на Република Македонија осуда на злосторствата извршени пред 104 години.

- Advertisements -

-Барам солидарност од Македонците бидејќи и врз нив имало злосторства. Затоа ќе инсистираме да се носи резолуција во парламентот за осуда на геноцидот кој е направен врз Албанците пред 104 години. Нека не се плаши никој, бидејќи нема да бараме надомест. Нивните животи не можат со ништо да се надоместат-порача Ахмети.

Вицепремиерот, Хазби Лика, пред присутните рече дека со почитувањето на овие жртви се порачува никогаш повеќе да не се повторат вакви злосторства.

Министерот за дијаспора во Владата на Албанија, Пандели Мајко, пак, рече дека овие луѓе се убивани само затоа што зборувале албански јазик. Тој и се заблагодари на македонската Влада што овозможила да се одбележи овој настан.

На настанот во Меморијалниот центар „Албанска мајка“ во Зајас присуствуваа членови на владиниот кабинет од редовите на ДУИ, како и пратеници од оваа партија.

 

Поврзани новости