Ахмети не сака предвремени избори ни по цена за договор за СЈО

by fokus

Предвремени парламентарни избори не се опција и ако нема договор за Специјалното јавно обвинителство, рече лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета на Институтот за културно и духовно богатство на Албанците.

– Мислам дека една таква опција не би била корисна, не би била функционална. Решение не се предвремени избори, затоа што никој нема да даде гаранции дека ќе се постигне двотретинско мнозинство, ако се организираат предвремени избори, нагласи Ахмети.

На новинарско прашање околу информациите дека вицепремиерот Хазби Лика преминал во редовите на Движењето Беса, Ахмети нагласи дека нема такви информации и дека Лика сé уште е член на Демократската унија за интеграција.

Поврзани новости