Ахмети: Не го прифаќаме Ѓорѓе Иванов за претседател. Хорхе може

by lali

Вонредна вест: Шефовите на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ Никола Груевски и Али Ахмети во текот на ноќта, на неутрален терен во селото Шипковица, на тајна вечера усогласиле ставовите околу претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ. Откако Ахмети останал цврсто на ставот дека за нив е неприфатливо Ѓорге Иванов да биде претседател, Груевски морал да понуди ново име за функцијата шеф на државата – Хорхе Иванов. Ахмети со овој предлог се согласил да не биде дека цело време само одбива.

Околу пазарот што бил направен, во ВМРО-ДПМНЕ велат дека ќе остане слатка мала тајна до по изборите.

– Еееее, многу сакате да знаете. Што е договорено си е наша интимна работа. Ќе ја споделиме со вас само ако уште еднаш го дадете гласот за нашата коалиција – коментираат во двете националпатриотски партии, додавајќи дека е нешто поврзано со употребата на албанскиот јазик ама не може да кажат што, а кој сака да дознае нека го даде својот глас за кандидатите на двете владејачки партии.

Поврзани новости