Ахмети на средба со Данкан: Ќе ги земеме предвид очекувањата на граѓаните

by fokus

Денес во Британската резиденција во Скопје, претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети, се сретна со британскиот министер за Европа и за Америка,  Алан Данкан и британскиот амбасадор Чарлс Гарет.

-Г.Данкан ја изрази поддшката на Велика Британија за една стабилна и напредна Македонија и истакна дека решавањето на ситуацијата се наоѓа во рацете на локалните политички партии. Лидерот на ДУИ истакна дека заокружувањето на Охридскиот договор, владеењето на правото како и евроатланската интеграција се предуслов за стабилноста и безбедноста во земјата и побара поддршка од Лондон за членство на Македонија во НАТО. Ахмети истакна дека во донесувањето на својата одлука ќе ја зема предвид волјата на гласачите на ДУИ, Албанците, но и очекувањата на граѓаните и нашите меѓународни пријатели. Земјата се наоѓа пред многу предизвици и ДУИ ќе игра конструктивна улога, се вели во соопштението на ДУИ.

Ахмети го запознал Данкан дека во денешниот состанок на Централното претседателство на ДУИ ќе се разговара за можностите и опциите на ДУИ, имајќи во предвид изборниот резултат, вклучувајќи ја и можноста ДУИ да остане во опозиција.

Поврзани новости