Ахмети на средба со американскиот и европскиот амбасадор: Новата влада ќе се посвети на бараните реформи

by fokus 18:02
18:02

Денес во просториите на Aмериканската амбасада во Скопје, претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети, одржа заедничка работна средба со заменик-амбасадорот на САД во Скопје, Микаела Швајцер Блум и амбасадорот на Европската унија во Македонија, Самуел Жбогар.

-Претседателот Ахмети со соговорниците разговараа околу понатамошното развивање во однос на формирањето на новата реформска влада, со што, го повтори ставот дека Демократската Унија за Интеграција целосно е посветена во спроведувањето на бараните реформи од страна на меѓународната заедница, интеграцијата во НАТО и во Европската Унија, добрите меѓуетнички односи, но и економскиот развој и отварањето на нови работни места. Првите чекори што ќе ги преземе новото парламентарно мнозинство се решавањето на застојот во локалната власт, како и укинувањето на екстерното тестирање како две непосредни прашања, се вели во соопштението од ДУИ.

- Advertisements -

Ахмети истакнал дека 16 години од неговите активности во рамките на ДУИ, никогаш немало разочарување во пријателските и добронамерните ставови на меѓународната заедница, затоа и побарал помош од страна на САД и ЕУ за да ги надминеме предизвиците пред нас и да помогнат за побрзо интегрирање на Македонија во НАТО и Европската Унија.

Поврзани новости