Ахмети на сопартијците ќе им предложи коалиција со ВМРО-ДПМНЕ

by fokus

Али Ахмети денеска презентира предлог за продолжување на коалицијата со ВМРО ДПМНЕ пред членовите на Централното претседателство на ДУИ во Мала Речица, брифира висок партиски функционер за 24 вести.

Истиот функционер вели дека за него вчера дискутирале и дел од најблиските соработници на Али Ахмети, но не можеле да изградат единствен став.

Според неофицијални информации дел од пакетот за евентуалната соработка е закон за употреба на албанскиот јазик, за кој изминатиов период имало интензивни преговори на релација ВМРО ДПМНЕ и ДУИ, меѓу најдоверливите луѓе на Ахмети и Груевски.

Во однос на дел од кадровските решенија – во пакетот, според истите неофицијални информации, во игра е претседателското место во Собранието за ДУИ, но и варијантата Никола Груевски да се откаже од премиерската позиција, иако не прецизираат како планираат тоа да го изведат.

Поврзани новости