Ахмети му порача на Груевски: Не плашете се од нас, не сме атомска бомба!

by Фокус 11:47
11:47

Со оваа изјава, Ахмети му ретерираше на Груевски за неговото барање да освои 62 пратеници.

– ДУИ не бара гласови за да тргне некого на страна, ДУИ бара гласови за подобра иднина за младите, за подобро образование и за да нема поделби меѓу етничките заедници затоа што Господ ги создал сите луѓе, а да сакал ќе ги создадел само Никола Груевски и Бранко Црвенковски. Сите бараат да освојат повеќе пратеници затоа што се плашат од нас. Јас ќе им порачам: Не се плашете од нас, ние не сме атомска бомба, рече Ахмети.

- Advertising -

Од ДУИ истакнаа дека главни приоритети во нивната програма се подобра економија, нови патишта, поразвиено земјоделство и влез на Македонија во Европската Унија и во НАТО.

 

Поврзани новости