Ахмети му изрази сочувство на Ердоган

by Фокус 11:42
11:42

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, му испрати писмо на турскиот претседател Таип Ердоган со кое изразува сочувство до турскиот народ и семејствата на жртвите кои го изгубија животот во вчерашниот терористички напад во Анкара.

-Сите ние при Демократската унија за интеграција им се приклучуваме на напорите за споротиставување на тероризмот и изразуваме целосна солидарност кон турскиот народ споделувајќи ја болката со вас во овие тешки моменти за вашата земја. Жртвите и повредените од овој страшен напад се молитивите на сите наши граѓани. Убеден сум дека семејствата на жртвите и повредените, но и Турција, ќе ја надмине оваа трагедија со безрезервната поддршка на сите пријатели на демократска Турција, вели Ахмети во писмото.

- Advertisements -

Поврзани новости