Ахмети му ги пренел на Тимоние очекувањата Иванов да го потпише Законот за јазици

by fokus
Политичките активности во земјата и регионот, текот на реформите во Собранието и Владата, преговорите за името и членството во НАТО и ЕУ, биле теми на денешната средба меѓу претседателот на ДУИ, Али Ахмети и францускиот амбасадор Кристијан Тимоние.
На средбата Ахмети се осврнал и на развојот на настаните за донесување на декретот за Законот за јазиците, нагласувајќи ги очекувањата на претседателот Иванов да го даде неговиот придонес и да стави потпис на заокружувањето на нормативниот дел од Охридскиот договор.
Ахмети, како што соопшти ДУИ, изразил задоволство од напредокот на системските реформи во земјата и посочил дека се уште има многу работа што треба да се направи во однос на владеењето на правото и законот, борбата против корупцијата и организираниот криминал.
– Ахмети е поттикнат од развојот на преговорите во врска со прашањето за името и приближувањето меѓу Скопје и Атина, со што помошта од страна на Франција е потребна и добредојдена за да се стави крај на овој спор. Овие активности треба да обезбедат целосна и чиста препорака за започнување на преговорите со Европската Унија на 17 април, како и добивање датум за почеток на преговорите со ЕУ, истакнал претседателот ДУИ.

Поврзани новости