Ахмети: Ќе поднесеме иницијатива за итно свикување на Собранието

by Фокус

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, преку својата „Фејсбук“ страница најави дека неговата партија ќе поднесе иницијатива за итно свикување на Собранието.

„Последните случувања во земјата, и одењето на избори на 5 јуни, без учество на ДУИ, СДСМ и ДПА, не претставуваат почетокот на решавање на политичката криза, туку на нејзино продлабочување. Ние сме посветени да се најде решение во согласност со интересите на нашите граѓани и очекувањата на меѓународната заедница. Решението почнува со итно враќање на Парламентот, така што ќе преземеме конкретни активности во оваа насока во наредните денови со цел за овој момент да се случи што е можно поскоро и да се врати стабилноста и безбедноста како и евро-атлантската перспектива. Ги охрабрувам сите политички партии да се приклучат на нашата иницијатива за враќање во Парламентот и да почнеме заеднички да ја решаваме кризата“, напиша Ахмети на „Фејсбук“.

Поврзани новости